
Почетокот на новата година во ХТЦА – Тренинг центарот Академик го одбележа со доделување сертификати за успешно завршената обука за Рецепција, одржување на простории и хигиена.
Мастер обучувачот на обуката, Ѓулај Салиевска-Гештаковска, ја збогати атмосферата со пофалби до учесничките на обуката – вработени во Друштвото за управување со имоти „Фасилити менаџмент сервицес“ ДООЕЛ, компанија штовложува во професионалното усовршување на своите вработени.
На обуката, организирана во три дена, преку теоретски и практични делови се работеше на подигнување на стандардите при одржување на простории и хигиена, во согласност со швајцарската методологија и швајцарските стандарди за квалитет.
Честитки и уште многу успеси понатаму.