Една од омилените играчки на најмалите, а вооедно и на големите се легендарните Лего коцки. Се чини дека инвестирањето во овој производ може да биде попрофитабилно отколку да инвестирате во злато. Една руско економско училиште објави студија во која се вели дека инвестирањето во Лего коцките е многу подобра инвестиција отколку купувањето на злато.
Лего коцките не се изложени на ефектите на пазарот, туку се зависи од големината на кутијата, се вели во студијата. Авторите на студијата велат дека малата изложеност на стандардните фактори го прави Лего брилијантна алтернативна инвестиција со одличен потенцијал за диверзификација.
Ова е потврдено со случајот со најскапите ограничени изданија на Лего колекциите на Lego Captain America и Iron Man, Lego Magicians, како и комплетниот сет на сите изданија на Lego Harry Potter кои се продаваат од 2014 година, а сега за нив е неопходно да се издвои шестцифрена сума.
Оние што не можат да си дозволат да инвестираат во скапоцени и ограничени сетови, како гореспоменатите, се вртат кон нелегален начин на заработка.
Постои црн пазар за сите работи кои вредат. Лего коцките се многу барани на овој пазар и многу лесно се продаваат, бидејќи тие немаат единствени сериски броеви, вели Питер Симсон, шеф на полицијата во Портланд.
Тоа било случај и во Сан Диего во 2015 година, кога група крадци биле уапсени откако продавале украдени Лего коцки во вредност од повеќе од 13 илјади евра. Друг случај е случајот на Орегон, кога 43 годишен човек го украл лего сетот на Star wars R2-D2 во вредност од околу 540 евра.