Млад дечко се пријавил за работа како чистач во Мајкрософт.
Кадровиот директор го примил на разговор и по краткиот тест му рекол: “Примен си. Остави ја твојата e-mail адреса за да ви го пратам договорот и списокот на вашите работни задачи“.
Дечкото збунет, одговорил дека нема компјутер па со тоа нема ни e-mail. Тогаш директорот му рекол: “Е па тогаш многу ми е жал. Ако немате e-mail, вие не постоите виртуелни и јас не можам да ви ја дадам работата“.
Сиромашното момче очајно излегло до зградата на Мајкрософт, без идеа што би можел да работи со 10 долари во џебот. Влегол во еден супер маркет и купил мала гајба со 10кг јагоди. За кратко време јагодите ги продал од врата на врата и до пладне го удвоил почетниот капитал.
Изненаден и со ентузијазам ја повторил истата работа уште неколку пати и дома се вратил со 60 долари.
Тогаш сватил дека овој систем би можел да му овозможи да преживее, па почнал од следното утро да го применува во континуитет, излегувајќи рано наутро, враќајќи се доцна навечер.
Работејќи така, го зголемувал капиталот секој ден. За кратко време купил рачна количка за да го зголеми обемот на работа, а подоцна ја заменил со камионче. Работејќи така, во рок од една година станал сопственик на мала флота моторни возила за разнесување овошје и зеленчук. За 5 години станал сопственик на најголема мрежа за дистрибуција на намирници во САД. Во тој момент, мислејќи на иднината на семејството, одлучил да си го осигура животот.
Повикал агент од осигурителна компанија за да потпише полиса за осигурување. Агентот на крајот од разговорот го прашал за e-mail за да му прати проспект за осигурување. Но човекот му одговорил дека нема e-mail.
„Баш чудно“, прокоментирал агентот за осигурување. „Немата e-mail, а сте направиле успешна империја. Замислете каде би биле кога би имале“.
Човекот се замислил, па му одговорил: “Во Мајкрософт, би чистел тоалети“.