Исланд стана првата земја во светот во која е илегално мажите да земаат повисоки плати од жените
Според новиот закон, компаниите и владините агенции со повеќе од 25 вработени ќе треба да добијат сертификати за еднаквост на платите, а оние кои нема да успеат во тоа ќе бидат принудени да платат казни.
“Станува збор за механизам кој ќе осигура дека мажите и жените се подеднакво платени за истите работни места“, рече Дагни Оск Пинд, членка на одборот на Исландската асоцијација за правата на жените.
Новиот закон кој стапи на сила на почетокот на 2018 година доби поддршка од коалициската влада и опозицијата во парламентот, каде што жените сочинуваат 50 отсто од членството.
“Мислам дека луѓето почнуваат да сфаќаат дека нееднаквоста во платите е системски проблем со кој треба да се справиме преку нови методи“, изјави Арадотир Пинд за “Ал Џезира“.
Инаву, светскиот економски форум го прогласи Исланд за водечка земја во борбата против родовата нееднаквост деветта година по ред, а владата вети дека целосно ќе ја искорени нееднаквоста во платите до 2022-ра година.