Започна кинеската нова година во знакот на свињата, еден од 12-те знакови во кинескиот хороскоп, а според кинескиот хороскоп еден знак владее целата година.
Според кинескиот знак оваа година ќе биде поволна за оние кои се родени во 1947, 1959, 1971, 1983, 1995 и 2007 година.
Дејли Меил ги пренесува предвидувањата на сите знакови според кинескиот хороскоп.
Стаорец- 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008
Стаорецот во 2019-та година ќе може да искористи ретки прилики и ако ги испуштат нема да се повторат во скоро време. Родените во овој знак мора да ги држат своите цели при видик, бидејќи оваа година е нивна.
Вол- 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009
Луѓето родени во овој знак ќе имаат улога на дипломати оваа година, односно ќе решаваат бројни проблеми. Ќе мора да внимаваат само целата одговорност да не падне во нивни раце. Волот ќе мора јасно да ги означи своите граници оваа година.
Тигар- 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010
Големи се шансите слободните тигри оваа година да ја пронајдат својата љубов. Постои привлечност помеѓу тигарот и свињата, па поради тоа оваа година е идеална за љубов. Февруари ќе биде пресуден месец и тогаш овој знак ќе мора повеќе да излегува и да се дружи. Важно е да се напомене дека луѓето родени во овој знак треба да ги избегнуваат опасните ситуации во кои ќе се најдат оваа година.
Зајак- 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011
Ова година ќе биде полна со одговорности за зајаците. Ќе мора да носат многу решенија во бројни ситуации, а нема ниту да имаат лесен излез од истите.
Змеј- 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012
За змејовите ова би можела да биде тешка година што се однесува на финансиски план. Во април на виделина ќе излезат многуте недостатоци на свест.
Змија- 1953, 1965, 1997, 1989, 2001, 2013
Ова нема да биде добра година за змијата бидејќи овој знак е спротивен на свињата. Ќе се осетат ранливо, особено оние родени во 1953, 1977 и 2013 година.
Коњ- 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014
Не ја трошете енергијата да им помогнете на оние кои не ја сакаат вашата помош. За коњот оваа година е година на релаксација и собирање сили за 2020 година која ќе им биде многу важна.
Овца- 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015
Родените во овој знак оваа година може да бидат многу ранливи што се однесува на нивното здравје и многу е важно да припазат на себе.
Мајмун- 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016
Луѓето родени во овој знак се многу друштвени и никогаш нема да одбијат добра забава, па така да оваа година многу лесно ќе претераат со трошење на енергија. Мајмуните имаат многу идеи кои се врзуваат со знакот на свињата, па оваа година ќе имаат многу амбиции.
Петел- 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017
Петлите се многу гласни и сакаат нивниот глас да се слушне, оваа година ќе научат да бидат малку помирни и дискретни како не би дошол нивниот глас до другите.
Куче- 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018
Година на кучето беше минатата, но и оваа година нема да има одмор за родените во овој знак. Најубаво е родените во овој знак да не донесуваат големи одлики годинава, него повеќе да се фокусираат на својот статус- кво.
Свиња- 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019
Ова е година на свињите, така да луѓето родени во овој знак ќе бидат природни водичи кои ќе имаат почит во секој нивни чекор. Ќе имаат енергија за се што ќе посакаат.
извор: vesti24.mk