Ворен Бафет има порака до сите инвеститори кои сметаат дека може да се збогатат на берзата во САД со помош на дојави од другите.
Во разговор со CNBC, Бафет објасни зошто мисли дека тргувањето со акции на берзата не може да се случи со чекање на доверливи информации од други луѓе.
Тој ги советува инвеститорите лично да направат истражување и да го оценат успехот на пооделните компании во чиишто акции сакаат да инвестираат.
Всушност, никога не треба да донесете одлука за инвестирање во хартии од вредност врз основа на она што другите луѓе го мислат. Наместо тоа, направете ја својата домашна задача и истражете ги компаниите кои сметате дека може подобро да ги процените од другите луѓе. Обидете се да не ја слушате макроекономската дебата на економистите дури и кога одлучувате за одделни акции, рече Бафет.
Истото размислување од пред 25 години
На годишниот состанок на “Беркшир Хатавеј“ во 1994 година, Ворен Бафет на вработените во овој инвестициски концерн во негова сопственост, им го споменал примерот за тргување со ацкиите на “Кока-Кола“. Во тоа време, за еден ден се тргувало со два милиони акции од таа корпорација.
“Станува збор за голем број луѓе кои продаваат и голем број луѓе кои купуваат. Ако разговарате со едно лице, сте слушнале една работа... навистине не треба да ја носите својата одлука за инвестирање во хартии од вредност врз основа на тоа што мислат другите.“
Анкетите за јавното мислење... нема да ве збогатат на Вол Стрит, рекол Бафет.
Иако овој совет го дал пред четвртина век, денес вреди повеќе од кога било бидејќи живееме во време на социјални мрежи и форуми каде што инвеститорите се соочуваат со голем број идеи и новости.
Бафетовиот совет е да и се спротивставите на таа бучава (информации), така што ќе се држите до компанијата која сметате дека ја познавате и можете да ја процените подобро од другите.
Значи, навистина треба да се придржувате до компаниите за кои мислите дека можете сами да ги процените, кажал Бафет на тој состанок.
Како извршен директор на “Беркшир Хатавеј“, на Ворен Бафет и тоа како му се исплатеше да го следи сопствениот совет. Добрите одлуки на Бафет за распределување на влоговите во акции и за директните аквизиции во различни пазарни услови, се темелат врз основа на годишните извештаи и други поднесоци од компании во кои се инвестира.
Цената на акциите на “Беркшир Хатавеј“ поради тоа растеа и до 12 проценти годишно во текот на последните 25 години. Ова е подобар резултат и од берзанскиот 9-процентен годишен принос во истиот временски период.
“Не може да се збогатите гледајќи каде дува ветрот“
Како што волатилноста на пазарот се повеќе и повеќе се зголемува по 9-годишниот bull market (период во кој цената на акциите се зголемуваше), инвеститорите можеби ќе треба да се вратат на своите стари начини на вреднување на акциите, земајќи го советот од на Бафет.
Ворен Бафет и неговиот долгогодишен бизнис партнер Чарли Мунгер рекоа дека не сакаат да направат големи предвидувања за насоката на целокупната економија и на берзата, ниту пка да дозволат прогнозите на другите за овие макроекономски прашања да влијаат на нивните одлуки за инвестирање во одделни акции.
Не може да се збогатите ако гледате каде дува ветрот, заклучи Бафет.