Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Одлична недела за работа, особено доколку е приватен бизнис.
ЉУБОВ: Малку се имате одалечено од партнерот. Искористете ја оваа недела за вас двајца. Посветете се максимално на вашиот партнер.
ЗДРАВЈЕ: Нискиот притисок може да предизвика вртоглавица и замор.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Mожно е моментално на работен план да дојде до судир на желбите и можностите. Обидете се да го рационализирате тоа што го сакате.
ЉУБОВ: Многу интересна недела и за слободните и за зафатените Бикови.
ЗДРАВЈЕ: Несоница и внатрешен немир.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Великодушни сте и со задоволство им помагате на луѓето кои ве опкружуваат на работното место. Тоа сигурно ќе ви биде од корист.
ЉУБОВ: На полето на љубовата ве очекува многу интересна ситуација со Вага или Рак.
ЗДРАВЈЕ: Кога станува збор за здравјето, погрижете се за циркулацијата, особено во пределот на ногата.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Иако многумина се сомневаа во тоа, ќе успеете да дојдете до успех во работата.
ЉУБОВ: Љубовната состојба моментално не ви е премногу интересна, затоа што ниту самите не се грижите за тоа.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за проблемите кои генерално ги имате со грбот, сувата кожа и коса, како и со чувствителните заби.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Можете да очекувате многу позитивна соработка со странство.
ЉУБОВ: Среќата ве следи и на полето на љубовта, па можете да остварите се што сте замислиле со саканата личност.
ЗДРАВЈЕ: Без здравствени проблеми.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Проблеми со финансиите. Ве советуваме да не подигнувате кредит и не земате позајмица, затоа што на тој начин само дополнително ќе ја влошите моменталната ситуација.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, цврсто верувате во своите емоции кон една личност. Покажете и што чувствувате.
ЗДРАВЈЕ: Погрижете се за вашиот црн дроб. Избегнувајте да внесувате алкохол или други опијати.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Имате многу амбициозни планови, што не е лесно да се остварат. Бидете подготвени за битка. Не се откажувајте веднаш кога ќе се судрите со првата пречка.
ЉУБОВ: На полето на љубовта ве очекуваат многу интересни настани. Можно е склучување на брак.
ЗДРАВЈЕ: Кога станува збор за здравјето, погрижете се за парните ограни – очи, уши, бубрези, бели дробови…
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: По бурниот период на работа, можете да очекувате големо олеснување.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, можете да се надевате на убави моменти покрај саканата личност.
ЗДРАВЈЕ: На полето на здравјето не се нагласени поголеми проблеми. Доколку водите сметка за своите навики, внесувате доволно витамини и се храните на вистински начин, не би требало да имате никакви проблеми.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Ве очекува многу опуштена недела во која нема да имате премногу работни обврски. Тоа искористете го за едукација и одмор.
ЉУБОВ: Состојбата во љубовта е многу интересна, доколку сте слободни можна е нова врска.
ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми со срцето, но доколку тие продолжат задолжително одете на лекар.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Имате големи очекувања и под голем притисок сте да ги остварите, особено долку имате приватен бизнис. Не дозволувајте тоа чувство да ве промени.
ЉУБОВ: Променлива состојба во љубовта. Најмногу проблеми ќе имаат оние кои се во брак.
ЗДРАВЈЕ: Бидете повнимателни отколку вообичаеното, затоа што е нагласена појава на хронични проблеми.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Можете да се надевате на позитивен исход на полето на работата, се оди како подмачкано.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, ситуацијата е многу возбудлива и можете да имате успех со воздушните знаци.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со грлото и синусите. Избегнувајте ладни и газирани пијалоци
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Во текот на оваа недела ќе добиете одлична бизнис можност која ќе ви помогне да остварите стабилни финансиски приходи.
ЉУБОВ: Стабилна љубовна состојба кај сите Риби кои се во врска или брак. Слободните можат да очекуваат интересна љубовна авантура.
ЗДРАВЈЕ: Зголемениот апетит може да доведе до зголемување на телесната тежина.
извор: денар.мк