![ФЗЦ 11 Октомври ВРАБОТУВА - Потребни се 17 кандидати](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/09/7c866890-resize-820x0x100.jpg)
ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.
Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивнасоодветнаантикорозивназаштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.