Овен – Каква недела!
За вашиот знак ова ќе биде една суперсреќна недела. Ќе уживате во прекрасната Месечина во конјукција, која ќе ви донесе убави чувства, особено во петок и сабота. Незаборавен викенд! И Венера е на ваша страна па проблемите од минатиот период на сентиментален план, сега волшебно ќе исчезнат. Осамените Овни да ги држат очите отворени – љубовта е зад аголот!
Бик – Не влегувајте во кавги!
Вашата недела нема да започне на најдобар начин – понеделник и вторник се потешки денови поради неповолната Месечина која друштво и прави на неповолната Венера. Не ризикувајте да влегувате во кавга со партнерот, зашто ќе зажалите! За среќа, вториот дел од неделата е подобар, а во денот неделата имате убави аспекти на емотивен план. Убави вести пристигнуваат на работе план.
Близнаци – Среќа во љубовта
Драги Близнаци, пред вас е една многу позитивна недела, особено на емотивен план, а помалку на работен план. Меркур е неповолен па на работното место очекувајте пречки – нема се да ви оди онака како што сакате, а особено негативни се деновите вторник, среда и четврток. В петок ќе си ја обновите енергијата благодарение на среќната поставеност на Венера. На љубовен план – многу, многу страст.
Рак – Обновување на енергијата
По тешкиот период за вас, особено на љубовно поле, оваа недела ќе почувствувате закрепнување и обновивање на позитивната енергија. Двојките кои до неодамна војуваа, сега ќе се смират. Меркур и исто така позитивен и ќе ви донесе пријатни промени на работен план, особено во суперсреќните денови – среда и четврток. Малку замор ќе почувствувате за викендот.
Лав – Уште малку трпение…
Во овој период ќе биде ставено на искушување вашето трпение. Венера е во опозиција и ќе ја стави на проба вашата врска! Доколку влегувате во дијалог со партнерот, обидете се да се контролирате и внимавајте што зборувате! Понеделник на сите полиња ќе биде тежок ден за вас, поради лошата поставеност на Месечината. Но не грижете се, стабилните врски можеби ќе имаат криза но се доволно силни да опстојат.
Девица – Не преземајте избрзани чекори
Драги Девици, ова нема да биде лесна недела за вашиот знак, за жал! Ќе се соочите со опозицијата на Меркур кој на деловен план ќе ви создава тешкотии и пречки, особено во тешките денови – вторник, среда и четврток кога и Месечината ќе има лоша поставеност. Затоа, не носете избрзани одлуки. Подобро е во овој период да се посветите на некоја анти-стрес активност.
Вага – Месечина во опозиција…
Љубовта конечно ви се насмевнува и оваа недела ќе може да уживате во убави моменти со партнерот. Понеделник ќе биде суперсреќен ден, а голема поддршка ќе имате токму од Месечината. Но, внимавајте во деновите на викендот, особено во сабота, кога Месечината ќе ви го заврти грбот и ќе ви донесе непријатности на љубовен план. За среќа, во недела навечер ви се враќа расположението и спокојството.
Шкорпија – Неповолна Венера
Пред вас е една среќна недела само на работен план, а на емотивен ќе имате љубовни проблеми. За жал, Венера е во опозиција и ќе ви донесе несогласувања со партнерот, додека многу врски ќе бидат ставени на проба. Обидете се да не влегувате во кавги со саканите лица особено во понеделник и во недела, кога ќе бидете предизвикани од една неповолна и нервозна Месечина. На работа – на повидок се убави вести, а среќни денови се вторник и среда.
Стрелец – Нервози на работа
За жал, пред вас е една прилично стресна и нервозна недела на работен план – уште на самиот почеток на неделата ќе почувствувате блокади и работите ќе излезат од контрола. Но, не грижете се! На помош ќе дојде Јупитер со прекрасна поставеност носејќи ви позитивна енергија за да ги истуркате работите…На полето на чувствата, се ќе биде во ред, благодарение на убавата Венера која ќе ви подари големи страсти особено на крајот од неделата.
Јарец – Убави новости на повидок!
Оваа недела Меркур ќе ви помогне да правите крупни чекори на професионален план, се повеќе доближувајќи се до саканите цели. Очекувајте убави вести во среќните денови вторник , среда и четврток, кога и Месечината ќе застане на ваша страна. Внимавајте во деновите петок и сабота кои се нервозни. На љубовен план, сметајте на преубав ден недела кој ќе биде во знакот на големите чувства!
Водолија – Да живее Венера
Со Венера во конјукција може да очекувате само убавини на љубовен план! Оваа недела токму вие сте кралеви на срцата, ќе зрачите со позитивна енергија и магнетска привлечност…Понеделник ќе биде особено среќен ден кога ќе ја имате со вас и убавата Месечина. И на работен план на повидок се убави вести. Единствен нервозен ден во неделата ќе биде недела.
Риби – Недела на успеси
Оваа недела за вас ќе биде полна со успеси! Меркур во вашиот знак ќе ви подари многу среќа на деловен план – конечно ќе успеете да ги остварите целите кои ги посакувате подолго време. Суперсреќни денови се – вторник, среда и четврток, кога на позитивниот Меркур ќе се придружи убавата Месечина. Ако имате на ум некој нов проект – сега е моментот да го започнете.