Гладните гости во ресторанот за брза храна Circleville’s Sonic во американската држава Охајо, наместо срдечно добредојде од персоналот, ги затекна порака оставена на врата.
Сите работници одлучиле истовремено да дадат отказ и да ги напуштат своите работни места, а своите причини наместо на менаџментот им ги соопштиле директно на гостите со помош на поприлично елоквентна порака.
Предупредување! Поради ужасниот менаџмент сите дадовме отказ. Компанијата е продадена на луѓе кои не се грижат за никој друг, освен за себе. Се извинуваме за непријатностите, но нашиот тим одбива да работи за компанија која ги третира своите вработени како ѓубре после се што направивме за овој ресторан. Сега сите сме во потрага по подобра работа. Новите сопственици можат да одат по ѓаволите, стои во пораката која брзо почна да се шири на социјалните мрежи.
Локалните медиуми објавија дека слична работа се случила и во другите подружници на ресторанот во два соседни града. И тие, исто така, рекоа дека новите сопственици ги намалиле платите на само четири долари од час.
Синџирот на ресторани, под новото раководство, на клиентите им ветува подобрена услуга и одлична храна, но останува да видиме како ќе успее во тоа без вработени.