Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Неделата која е пред вас ќе ви биде преполна со предизвици, ќе постојат многу нешта кои ќе ве вознемират.
ЉУБОВ: Во љубовта се ќе се одвива како подмачкано, со партнерот едноставно ќе бидете во тотална хармонија.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Трпението ви е неопходно за да дојдете до саканата цел, обидете се оваа недела да не го загубите, особено во деловната околина.
ЉУБОВ: Личноста во знакот на Стрелец сака да ви изјави љубов, вие како да го чувствувате тоа, па ви е непријатно.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со забите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Оваа недела ќе добиете добра вест, односно покана за итен деловен пат. Не се двоумете, заминете на пат, таму ќе имате можност за напредување.
ЉУБОВ: Случајната средба со личноста во знакот на Вага ќе остави силен впечаток на вас. Вашите чувства кон тоа лице ќе се променат.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со слухот.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Некој оваа недела ќе се обиде да ве забавува, односно да го забавува вашиот потенцијал.
ЉУБОВ: Ќе мислите дека само вие немате среќа во љубовта. Ќе бидете разочарани од постапките на спротивниот пол.
ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на депресија.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Оваа недела ќе докажете пред сите ваши ривали дека заслужувате подобра позиција. Никој повеќе нема да се сомнева во вашите квалитети.
ЉУБОВ: Односот со саканото лице ви е ладен. Внесете промени во љубовниот живот со цел да го подобрите.
ЗДРАВЈЕ: Добро ќе се чувствувате.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Малото невнимание ќе ви направи голема штета. Ќе бидете обвинети за големи грешки и ќе претрпите големи последици.
ЉУБОВ: Имате нереална слика за лицето кое ви се допаѓа. Оние во долги врски и брак ќе бидат изненадени од својот животен партнер.
ЗДРАВЈЕ: Кондицијата ви е опадната.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Ќе добиете важна информација, која всушност долго сте ја очекувале, а таа ќе ви помогне да се приближите до успехот.
ЉУБОВ: Сакате да ставите точка на врската која веќе трае некое време, но не сте задоволни од неа воопшто.
ЗДРАВЈЕ: Вашето здравје е добро.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Оваа недела е идеална за започнување на некој приватен бизнис или пак за ангажирање во нешто дополнително кое ќе ви донесе повеќе пари.
ЉУБОВ: Саканото лице сака нешто да ви каже но не се обидува, обидете се да сфатите за што станува збор.
ЗДРАВЈЕ: Можна е главоболка.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Оваа недела ќе бидете во прилика да доживеете пофалби на вашата сметка.
ЉУБОВ: Емотивниот живот оваа недела ќе ви биде во втор план. Ќе имате потреба да бидете сами.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грлото.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Приливот на пари оваа недела ќе ви го поправи расположението а вие ќе бидете задволни.
ЉУБОВ: Љубовниот живот ќе ви стагнира, нема да се случуваат некои важни и поголеми пресврти.
ЗДРАВЈЕ: Вашето здравје е добро.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Со помош на позитивниот став ќе успеете да ги надминете сериозните препреки кои одамна ви стојат на патот.
ЉУБОВ: Партнерот со кој сте во кавга, ќе пронајде поинаков начин да допре до вас.
ЗДРАВЈЕ: Одржувајте ја кондицијата.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Оваа недела најважно е се да завршите во предвидениот рок со цел да добиете прилика за напредување.
ЉУБОВ: Немате никаква оправдана причина за да се сомневате во саканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Нервозата ќе ви биде зголемена.
извор: denar.mk