Ако егзотичната храна и дегустацијата на нова храна се врвот на секое ваше патување, компанијата Vibrant Vegan Co. има понуда која можеби ќе ве заинтересира.
Имено, оваа британска компанија бара “шеф за дегустација“ т.е човек кој ќе патува низ светот и ќе пробува нова храна.
На избраниот кандидат ќе му бидат платени сите трошоци за патување, сместување и храна, како и 28 дена од годишниот одмор. За годишна плата од 66.000 американски долари (околу 58.000 евра) “шефот за дегустација“ ќе помине четири месеци во земји како Индија, Кина, Турција, Чиле, Мексико и Јапонија, каде што ќе има задача да открие нови, егзотични состојки и рецепти кои компанијата ќе ги користи за своите производи.
За време на 35-часовната работна недела, кандидатот треба да и помогне на Vibrant Vegan Co. да воспостави партнерски односи со странски компании за да имаат извор на нови состојки.
Ние сме секогаш во потрага по нови таленти, бидејќи силно веруваме дека луѓето го прават успехот на компанијата. Ова е многу уникатна работа која знае да биде многу напорна, и покрај огромните придобивки. Постојат стотици состојки и рецепти од целиот свет кои не им се познати на потрошувачите во Велика Британија и се надеваме дека нашиот нов вработен ќе ни помогне да ја збогатиме нашата понуда со нови и вкусни рецепти, вели Јан Бурк-Хамилтон, основач на компанијата Vibrant Vegan Co.
Од Vibrant Vegan Co. велат дека кандидатот треба да има најмалку три години работно искуство во бизнисот со храна или како готвач. Иако компанијата произведува храна за вегани, од кандидатите не се бара да бидат вегани, но затоа е потребно тие да бидат фокусирани на билни состојки.