Со сигурност уште во детството да ви се врежала сликата во глава од мажите коишто пуштале долг нокт на малиот прст на дланките. И сите веројатно се прашуваат што се крие зад оваа навика, и дали навистина се работи за навика, моден тренд, или пак нешто сосема поинакво.
Според една од теориите се верува дека сето тоа започнало во Индија, каде мажите на суптилен начин сакале да консумираат кокаин. На тој начин тие биле помалку забележувани.
Долгиот мал нокт служи за со него да се “буричка” во носот или ушите. А можел да послужи и за чистење на забите. Мора да признаеме дека ова и не звучи сосема пријатно..
Оваа теорија всушност има и најмногу смисла. Некогаш се верувало дека долгиот нокт на малиот прст претставувал знак на богатство и благородништво. Во суштина, целта е да се потенцира дека тие не се физички работници, а тоа значи дека може да си дозволат да пуштат дури и долг нокт на малиот прст. Особено пак биле ценети оние коишто го одржувале чист...