Џек Дорси – коосновачот на социјалната мрежа Твитер, ја прими првата плата после четири години работа на позицијата извршен директор на оваа компанија.
На банкарската сметка на Џек Дорси овие денови “легнаа“ цели 140 центи.
Светските медиуми пренесуваат дека износот е симболичен и е посветен на максималниот бројот на карактери кој можеше да се стави во еден твит пред некоја година. Сега, јавноста се прашува дали следната плата ќе изнесува цели 280 центи, бидејќи во меѓувреме, во 2018 година, Твитер го зголеми максималниот број на карактери за 100 проценти.
Кога пред четири години Дорси се врати на позицијата извршен директор, тој вети дека нема да зема никаква плата, бонуси и дивиденди, со цел да испрати порака дека верува во компанијата на долг рок.
Сакате да знаете колку треба реално да изнесува вашата плата? Проверете овде.