На австралискиот милионер Метју Лепре, кој неодамна објави конкурс за личен асистент кој со него ќе патува низ светот и за тоа ќе добие плата во износ од околу 4.000 евра му пристигнале дури 40.000 апликации, а помеѓу нив, верувале или не, имало и понуди за брак.
“Најдобрата работа на светот“ го привлече вниманието на голем број кандидати ширум светот, а како што пишува “The Sun“, Метју вели дека досега пристигнале десетици илјади апликации, како и голем број романтични понуди.
Добив повеќе од 40.000 апликации од целиот свет, а дури 75 проценти од кандидатите се жени. Некои од нив ми понудија и брак, вели Метју.
Тој додава дека мноштвото “милениумци“ преку еден ваков оглас сакаат да избегаат од секојдневната рутина.
Овој 26-годишник го направил своето богатство откако на 23 години ги напуштил своите студии и започнал сопствен бизнис. Денес заработува околу 120.000 евра месечно.