Астронаутите на НАСА носат бели костуми бидејќи белата боја најдобро ја одбива сончевата светлина во вселената и ги штити од сончева радијација која може да предизвика рак.
Дали знаете што е заедничко за Нил Армстронг, Ед Вајт и денешните астронаути? Сите тие носеа бели костуми. И тие не се сами. Освен НАСА, вселенските програми во земји како Русија и Кина, исто така, користат бели костуми.
Таа боја во минатото спаси безброј астронаутски животи. НАСА немала отсекогаш бели костуми. Впрочем, за првиот вселенски лет со екипаж, Проектот Меркур, НАСА користела сребрени костуми, но ниту еден од тие астронаути всушност не го истражуваше вакуумот на вселената.
Проект Меркур: Првата американска вселенска програма со човечки екипаж
Белата боја најефективно го рефлектира зрачењето во вселената
Овде на Земјата, нашата атмосфера не штити од 77% од сончевото зрачење. Но, астронаутите во вселената немаат штит, што ги прави ранливи на експлозивни температури, тешки изгореници, па дури и оштетување на клетките. Поради таа причина тие мора да носат бели костуми кои значително помагаат во одбивањето на штетното зрачење на сонцето.
Но, овие бели костуми не се единствената облека во плакарот на астронаутите. Кога полетуваат во вселената или се враќаат дома, астронаутите на НАСА носат светло портокалов костум од проста причина што портокаловата боја се издвојува од бојата на синиот океан и небото и е совршена за привлекување внимание во случај на незгода. Па доколку има дефект при слетување и астронаутите се приморани да го напуштат леталото, портокаловата облека ќе им овозможи лесно да бидат пронајдени од спасувачките екипи.
Астронаутот Ерик Бо позира во новиот темно син костум произведен од Боинг
Времињата се менуваат
Денес имаме пософистицирани начини за лоцирање на астронаутите кои имаат потреба од спасување, како што се GPS тракерите и транспондерите, така што вселенските агенции можат слободно да бидат креативни во изборот на бои. НАСА и некои други агенции веќе почнуваат да користат други бои како темно сина и темно жолта. И во иднина, тие би можеле да изгледаат многу поинаку бидејќи НАСА ќе се упати кон Марс. Тоа ќе биде најдолгата вселенска мисија со човечки екипаж која ќе трае цели три години, а за тоа време астронаутите би можеле да страдаат од здодевност или депресија. Новите костуми би можеле да помогнат да се победи монотонијата.