Сопственик на компанија од Сараево на својот најдобар работник му подарил Ауди А8 во знак на благодарност за целата работа што ја направил за него.
Медиумите во регионот пишуваат за една убава и позитивна приказна која доаѓа од главниот град на Босна и Херцеговина. Имено, сопственикот на компанијата Bromotion d.o.o. му подарил Ауди А8 на својот најдобар работник во знак на благодарност.
Една компанија може да опстои само со добар тим. Работикот кој работи и ги реализира моите идеи во реалност го заслужува овој подарок. Понекогаш има добри и лоши денови, но со работниците кои веруваат во себе и во вас вие имате предност која не може да се купи со пари. Овој автомобил е подарок за Емра, за да му покажеме дека е важен дел од нас, вели сопственикот на компанијата Семир Козиќ.
Емра Рого е навистина горд што го добил овој автомобил како подарок од компанијата каде што работи.
Ние сме релативно млада компанија која е основана од мојот пријател, а потоа и од Семир, надевајќи се дека младите луѓе нема да ја напуштат нашата држава и ќе покажат дека успехот може да се постигне и тука. Јас бев меѓу првите кои застанаа позади идејата на Семир. Денес, многу повеќе сум горд на мојата фирма отколку на себе бидејќи мојот успех е успех за сите нас, вели Емра.
Тој вели дека подарокот за него било големо изненадување и се’ уште не може да верува дека неговиот шеф останал на зборот.
Не очекував од него да ми даде автомобил за кој разговаравме за време на состаноците и паузите за кафе. Овој подарок ја надминува материјалната вредност бидејќи е подарок за кој зборот благодарам не е доволен, вели тој.
Браво за овој газда кој сфатил дека вредниот работник злато вреди!