Мајк Бандер (29) и Џејмс Варди (31) се прогласени за "најдобри британски шефови" благодарение на бенефициите кои ги имаат нивните вработени.
Дигиталното стартап студио “Turn Partners“ во Бирмингем е компанија каде работат многу среќни и релаксирани вработени кои уживаат во шармот на својата работа на еден сосема поинаков начин.
Сопствениците на компанијата овозможуваат долготрајни годишни одмори, а своите вработени ги водат на заеднички патувања и спа третмани. На овие излети, вработените можат да ги поканат и своите партнери, членови на семејството и пријатели.
LADBible вели дека сопствениците на компанијата во февруари оваа година, деветмина свои вработени ги однеле на едномесечен одмор во Гоа и Мумбаи. Тие велат дека сакаат нивниот персонал целосно да ужива во животот и силно веруваат дека среќниот тим ги прави шефовите уште посреќни.
Од време на време, ние сакаме да ги наградиме членовите на нашиот тим со тоа што ќе им овозможиме барем еден месец да избегаат од студеното британско време, вели Мајк за LADBible.
Трошоците за патувањето ги покриваат лично партнерите на компанијата, а иако одморот трае еден месец, вработените можат да дојдат и да си одат кога и да посакаат.
Мајк појаснува дека секој вработен има неограничен буџет за годишниот одмор со комплетна слобода да избере каде и како ќе работи. Тој додава и дека секој има слобода да избере на кој проект сака да работи.
Одморот во февруари траел 28 дена, а целиот тим го посетил Бангкок, Чан Маил, Краби и Фи Фи, работејќи во фантастично тајландско окружување.
Една година претходно, тимот отпатувал во Мексико каде што можел да работи на песочните плажи на Плаја дел Кармен.
Се чини дека овој концепт навистина функционира бидејќи вработените се многу среќни. Лук Ланчастер (вработен во компанијата) вели дека не постои подобра мотивација од ова.