Колку и да се трудите да имате доволно гориво во резервоарот на вашиот автомобил, често се случува да засвети сијаличката за резерва.
Иако современите автомобили покажуваат уште колку километри можете да возите со количеството на гориво кое го има во вашиот резервоар, оваа информација често знае да биде неточна, па затоа возачот не може да се потрпе само на тој индикатор.
Токму затоа, секој возач треба да знае колку километри може да помине неговиот автомобил со вклучено светло за резерва.
Првенствено, тоа зависи од стилот на возење, патот, автомобилот, горивото и произведувачот на автомобилот.
Тестирајќи 96 модели од 26 различни произведувачи на автомобили, редакцијата на веб страната “Compare The Market” ни открива кои автомобили се најдобри во т.н. возење на резерва и врз основа на тоа, тие направиле просек за секој производител.
Тие направија финална листа од пет најдобри и најлоши брендови кога станува збор за возење на резерва.
Кои се 5-те најлоши возила?
KIA
Не се толку сигурни кога станува збор за возење на резерва. Во просек, возилата на овој производител можат да извозат 74.1 км на резерва, а најнизок просек има моделот Picanto кој може да извози само 51.7 км.
Mitsubishi
Треба да сте претпазливи доколку возите на резерва со автомобилите на овој јапонски бренд. Нивните модели во просек можат да поминат 71.6 км.
Porsche
Ако управувате со 911, многу лесно може да бидете најбрзиот возач на патот, но ако се вклучи сијаличката, најдевајте се дека во близина имате бензинска пумпа. Просекот на оваа марка на автомобили е 70.2 км.
FIAT
Со оглед на тоа што овој автомобил е наменет за работничката класа, природно е да се очекува од италијанскиот гигант да биде на листата на возила кои имаат најголем потенцијал за возење на резерва. Меѓутоа, тоа е далеку од вистина бидејќи автомобилите на FIAT во просек можат да извозат само 66.7 км. Просекот е толку низок благодарение на популарниот урбан модел 500 чиј опсег изнесува само 59.7 км.
MINI
Ако често ви се пали сијаличката за резерва, последниот автомобил што сакате да го имате е MINI. Со популарниот англиски автомобил би можеле да извозите само 60.38 км. на резерва.
А 5-те најдобри?
BMW
На топ 5 листата се наоѓа популарната марка од Баварија чиишто возила во просек можат да извозат дури 87.3 км. на резерва. Шампионот во рамките на куќата е популарната Серија 5 со 110 км.
Volkswagen
На четвртото место е гигантот од Волфсбург со просек од 87.6 км. Најдобри резултати има Passat кој може да извози дури 120 км.
Lexus
Третото место на подиумот е резервиварно за подбрендот на Тојота, популарниот Lexus. Моделот RX може да покрие дури 88.4 км. само со гориво на резерва.
Ford
Вицешампион во помината километража кога станува збор за возење на резерва. Со автомобилите на Форд можете да поминете околу 88.4 км. возејќи на резерва, а најсигурен модел е Mondeo со опсег од 112 километри.
Volvo
Ако барате автомобил со кој најмалку ќе водите грижа за тоа колку долго имате до следната бензинска пумпа, купете го Volvo. Просечната километража на овој шведски автомобилски бренд е 94.7 километри, а најдобар резултат има моделот V40 кој на резерва може да извози 113 км.