Американската студија анализирала медицински податоци 18 години наназад за 6.550 лица на возраст над 40 години кои имале проблеми со срцето. Истражувачите од Универзитетот во Ајова ги истражувале пациентите кои биле примени во болница. Сите го добиле истото прашање: Колку често јадете доручек?
Околу 59 проценти од испитаниците доручкувале секој ден, но 5,1 проценти од нив не доручкувале, 10,9 проценти доручкувале ретко, а 25 проценти го прескокнувале неколку дена. Тимот пронашол јасна врска помеѓу навиките за доручек и ризикот од здравјето на срцето, тврдат тие. Оние кои не доручкувале имале 87 проценти поголеми шанси за развој на срцеви проблеми.
– Се верува дека појадокот е многу важен дневен оброк, а во САД 50 години наназад забележавме зголемување на бројот на луѓе кои го прескокнуваат. Повеќе од 23,8 проценти од младите луѓе не доручкуваат секој ден, напишале авторите на студијата во образложението.
Тврдат дека ова е првата ретроспективна студија која ги поврзува навиките за појадок со смртност од кардиоваскуларни болести. Имено, луѓето кои го прескокнуваат доручекот склони се на конзумација на нездрави закуски. Покрај тоа, појадокот помага во рамнотежата на нивото на шеќер во крвта и го контролира крвниот притисок, објави Daily Mail.
Своето откритие го објавиле во списанието American College of Cardiology, надоврзувајќи се на слични студии кои покажале дека луѓето што прескокнуваат доручек и јадат вечера подоцна имале помалку шанси да преживеат инфаркт.