Отидовте на спиење на време, не сте се буделе во текот на ноќта… И повторно се пробудивте како да ве тепале цела ноќ? Овие фактори се честа причина за необјаснив замор:
Неуреден работен простор
Два збора: ментална исцрпеност. Што повеќе предмети имате во видното поле (куп документи и папки на вашата работна маса на работа, хаос во кујната, затрупани валкани садови…), тоа за вашиот мозок е потешко да го филтрира она што е важно и да се фокусира. Резултат? Ќе бидете мртви уморни многу брзо.
Не јадете редовно
Ако јадете во правилен временски интервал во текот на денот (не го одложувајте ручекот за да ја завршите работата, не го прескокнувајте доручекот бидејќи доцните на работа), нивото на енергија ќе ви биде стабилна во текот на денот и ќе бидете помалку уморни. Ако сте во брзање, јадете барем малку овошје, неколку бадеми и банани се добар избор. Во текот на денот, две, три коцки црно чоколадо и јаболко ќе ви помогнат да иструркате до ручек.
Не сте физички активни
Не морате да вежбате со часови, но дваесет минути лесни вежби наутро или прошетка со побрзо одење до работа ќе ви помогнат да се чувствувате подобро и да имате повеќе енергија до крајот на денот.
Ви фали железо
Ако не внесувате доволно железо, многу брзо ќе почувствувате последици како што се слаба концентрација, замор, нервоза. Железото е многу важно за функционирањето на организмот бидејќи без него црвените крвни клетки не би можеле да пренесат кислород таму каде што е потребно. Бидејќи нашето тело не произведува железо, морате да го внесувате секојдневно, преку храната што ја консумирате.
Јадете доволно темнозелен зеленчук, јајца, безмасно месо, ореви, во комбинација со цитрусно овошје и зеленчук кои го содржат витаминот Ц, кој ја подобрува апсорпцијата на железото.
Премногу спиете
Ова може да звучи чудно, но, ако сте постојано уморни, а генерално добро спиете, можеби би требало да се обидете да спиете помалку, односно да станувате порано. Квалитет на сон, а не на квантитетот, е тоа е она што е важно. Луѓето кои спијат повеќе од девет часови ноќе, подложни се на болести како и оние кои страдаат од несоница.