Праксата претставува одличен начин за младите кои го завршуваат своето образование да стекнат искуство во компании и одблизу да се запознаат со работата. Од друга страна, за компаниите е добра можност за избор на соодветен млад кадар во којшто може да се вложува.
Порталот Glassdoor неодамна направи листа на 25 компании што нудат највисока компензација за своите практиканти. Речиси половина од компаниите се од ИТ секторот, а по нив следат финансиските и консултантските компании.
Подолу е листата на компании кои нудат најплатена пракса во САД:
Facebook – 8.000 долари
Amazon – 7.725 долари
Salesforce – 7.667 долари
Google – 7.500 долари
Microsoft – 7.250 долари
Uber – 7.167 долари
Bloomberg L.P – 7.000 долари
Capital One – 7.000 долари
Apple – 6.667 долари
Bank of America – 5.833 долари
J.P Morgan – 5.667 долари
Последните три компании на листата се:
Genentech – 4.500 долари
Dell – 4.333 долари
Boeing – 4.167 долари