Во кои градови во светот таксистите се најскапи? Истражување на Cheap Flights ни го дава одговорот на тоа прашање.
Не е изненадувачки, што на прво место е Токио. Градот е меѓу најскапите во светот, но е изненадувачки колку скапо навистина е да се оди со такси до Меѓународниот аеродром Нарита – 214 долари. Најевтино е во Индија – 8.67 долари.
Еве ги резултатите од истражувањето:
Северна Америка – Во Вашингтон патувањето чини 68.27 долари и трае 37 минути. Тоа е 1,40 долари / км. Во Њујорк ќе ве чини 57.48 долари и 34 минути . Ова е 2 долари на км. Во Лос Анџелес цената е 1,80 на км или 49 долари за патувањето, кое трае 31 мин.
Европа – Во Париз патување од аеродромот Шарл де Гол до Елисејски Полиња чини 72.80 долари, или 2,20 на км. Се вози30 минути. Во Лондон таксито од Хитроу до централниот дел чини 50 долари или 2,10 на километри, и трае цел час. Во Москва патување од аеродромот трае час и половина ! Цената е 48 долари или 1,10 на км.
Азија – Најскапо е во Токио – 214.53 долари за патување од 70 минути. Цената е 2,80 на км. Во Пекинг патувањето исто трае 70 минути, но ќе ве чини 52.40 долари. Тоа се 2 долари на км. Јужна Америка. Во Рио Де Жанеиро таксито ќе ве чини 17.97 долари или 0,90 долари на км. Трае 22 минути.