Работите напорно, но не гледате долгорочен развој во кариерата или способностите? Заглавивте на едно место, а сакате да почувствувате напредок?
Време е да го примените правилото на 5-те часа, што со години го следат личности како Бил Гејтс, Опра Винфри и Марк Закерберг.
Идејата е да поминувате по 5 часа неделно или 1 час секој работен ден во учење на нешто ново. Во овој час треба да го посветите целото внимание на апсорбирањето на информациите.
Учењето може да биде под различна форма - може да прочитате или да експериментирате во пракса со нешто ново. Добра идеја е да водите дневник, во кој ќе пишувате што сте научиле.
Лесно е преоптоварувањето да тргне наопаку со прогресијата како професионалци. Можеби мислите дека како седите од утро до вечер во канцеларија, се движите во вистинската насока.
Но кога се фокусираме на малите секојдневни задачи, понекогаш забораваме за долгорочните амбиции.
Затоа и 5-часовното правило е корисно - тоа не тера намерно да вложиме напор да научиме нешто, а не да чекаме тоа да се случи само по себе во процесот на работа. Ставете си конкретни цели и дајте си време да ги постигнете. Сами ќе го почувствувате своето растење кон успехот.