Склони сме на верувањата дека кафеавата храна е поздрава од бела, на пример кога станува збор за шеќер или ориз. Зошто е тоа така?
Кафеавиот шеќер е нешто малку обработен во однос на белиот шеќер. За производство на обичен шеќер, сокот од шеќерна трска се готви и потоа се филтрира за да се формираат кристали. Кристалите подоцна се преместуваат во центрифуга која содржи меласа. Белиот шеќер е подложен на понатамошна обработка за гранулите да бидат пофини и да ја отстранат меласата. Белиот шеќер е рафиниран шеќер од шеќерна трска и шеќерна репка.
За да ја поедноставиме разликата помеѓу овие два вида шеќери, ќе кажеме дека кафеавиот шеќер е бел шекер кој не е подложен на целиот процес на рафинирање па затоа задржува одредена боја. Количината на меласа која треба да се додаде определува дали се работи за светло кафеав или темно кафеав шеќер.
Двата вида на шекер содржат речиси идентични хранливи вредности. Поради тоа што е помалку обработен, кафеавиот шеќер содржи одредена количина на минерали како калциум и калиум, додека белиот шеќер е чиста сахароза без витамини или минерали. Главната разлика, покрај бојата, е и во вкусот. Кафеавиот шеќер има поинтензивен вкус.
Денес, многумина со помала грижа на совест во нивниот чај или кафе ќе стават поголема лажица кафеав шеќер бидејќи сметаат дека тоа ќе биде “помало зло”. Но, тие не се во право. Двата вида на шеќер и понатаму имаат еднаков ефект врз здравјето.
За поздрав избор, одберете нерафиниран кафеав шеќер.
Кафеавиот шеќер се користи за печење колачи, но понекогаш и во солени рецепти. Кафеавиот шеќер може да го замените со бел во само неколку рецепти бидејќи кафеавиот шеќер содржи меласа, тоа влијае на текстурата на печени колачи, па водете сметка дека мора да ги прилагодите и останатите состојки во рецептот.
Кафеавиот шеќер не е поздрав од белиот шеќер. Не дозволувајте бојата да ве измами. Кафеавиот шеќер содржи 17 килокалории на една лажичка, а белиот шеќер 16 килокалории.