Пред 10 дена заврши осмата финална сезона на една од најгледаните тв серии на сите времиња – Игра на тронови.
Иако повеќето фанови ги паметат само сцените со грозоморни убиства, во серијата постојат и други моменти кои може да се гледаат низ призмата на деловниот свет.
Еве неколку лекции што претприемачите можат да ги извлечат од популарната серија Игра на тронови:
Никому не должи ништо
Мотото на куќата Ланистер беше “Ланистер секогаш го плаќа својот долг“ што е еден од најважните совети кои ги нуди серијата. Ако Тирион и дружината успеале со оваа изјава да го оправдаат сиот свој колеж, претприемачите можат да го искористат ова за да го развијат својот бизнис. Како претприемач, вашата цел е да ја максимизирате добивката, меѓутоа, секогаш морате да ги плаќате долговите! Тоа е така бидејќи штом дозволите да ви се натрупаат долгови, веднаш почнувате да тонете. Всушност, ни најдобриот клима уред нема да може да ги олади вашите вработени и партнери ако не успеете да ги платите навреме. Уште полошо, вашите конкуренти со нетрпение го чекаат ова сценарио за да можат да ги преземат вашите вработени, клиенти и идеи.
Значи, секогаш трудете се да ги отплатите своите долгови за вашата компанија да остане стабилна. Дури и ако поминувате низ некој лош период, останатите учесници на пазарот ќе ве сметаат за сигурен и сериозен претприемач и ќе бидат спремни повторно да соработуваат со вас.
Не плашете се од лошите времиња
Питер Бејлиш во својот разговор со Варис во третата сезона од серијата рече: “Хаосот не е јама, туку можност за искачување“ и реално не можеше да биде поточен со својата изјава.
Во светот на претприемништвото, најдобрите времиња се тешките времиња бидејќи тие ве мотивираат да вложите дополнителен труд и да учите. За време на мрачните времиња мора да дејствувате брзо и да се осмелите да донесете храбри одлуки. Ако вашата компанија преживее во тешки времиња, кога невремето ќе помине, вашата работа ќе процвета. Гледајте на тешките времиња како на можност, наместо пречка.
Ако треба да докажете дека сте лидер, застанувате на тенок мраз
Како претприемач, мора да ги инспирирате вработените и партнерите за да ја добиете потребната репутација. Успешните претприемачи не треба да нагласат дека се лидери бидејќи личноста која е почитувана нема потреба да каже “почитувајте ме“. Во Игра на тронови, Ланистер (“Било кој човек кој мора да напомене дека е крал, не е вистински крал“) се однесуваат како водачи, а и другите ги сметаат за такви. Во реалниот живот, потребно е да се однесувате како вистински лидер, да донесувате вистински одлуки, да бидете објективни и никогаш да не ги преминете границите.
Ако сте добар претприемач, ќе стекнете моќ, почит и профит.
Не се плашете да зборувате
Тирион Ланистер има уште една лекција за претприемачите: и покрај фактот што многумина не го сфаќаат сериозно, тој и натаму го кажува своето мислење. Ако сте млад претприемач, или едноставно сакате да започнете со некој бизнис, мора да бидете храбри да кажете што мислите. Не плашете се од тоа да ги споделите своите идеи – некој сигурно ќе ги забележи!
Бидете искрени со вработените и партнерите. Игра на тронови е полна со нетрпеливи лидери кои предизвикуваат страв во коските на секој кој ги гледа.
Исклучок: Даенерис Таргериен
Една млада русокоса девојка стана Khaleesi поради својата милостивост. Кога правиме паралела со деловниот свет, можеме да извлечеме важна лекција: немојте да бидете суров претприемач, работодавач или партнер.
И покрај фактот дека ви е потребна нечија почит и внимание, суровоста не е начин за да се дојде до лојалност.
Немојте да се обидувате да ги исплашите другите луѓе, ниту да се потпирате само на сопствените способности за да го развиете бизнисот. Со добронамерниот пристап, на крајот ќе стекнете многу пријатели и доверливи партнери, што е клучот за успешен бизнис.
Понатаму, слушајте го вашиот тим! Ако не, вашите подредени може да ве презираат.
Во деловниот свет, презирот води од колапс на вашата компанија. Репутацијата е важна работа.
Придржувајте се на својот збор. Во бизнисот, вашиот збор е свет! Откако ќе го прекршите ветувањето, вие го губите целиот кредибилитет. Ако вашиот збор не вреди ништо, ќе ви биде тешко да работите бидејќи голем број зделки се прават во четири очи. Враќањето на кредибилитетот е речиси невозможно, затоа бидете сигурни дека никогаш нема да го прекршите своето ветување.
Од кого можеме да го научиме тоа?
Роб Старк, кој вети дека ќе се ожени со ќерката на Валдер Фреј, но потоа се премисли. Сите знаеме како заврши неговата приказна во серијата.
Бонус: Запомнете го мотото на куќата Старк
“Зимата доаѓа“. Старк со ова не сакаат да не потсетат да ги извадиме зимските капути, туку на тоа дека треба секогаш да бидеме подготвени за она што следува. Во деловниот свет, ова значи дека треба да бидеме спремни за иднината и да ги следиме најновите технолошки трендови. Колку побрзо ќе го направите тоа, толку подобро за вас.
Ако ги подготвите “зимските капути“ во текот на летото, дефинитивно ќе победите во играта на бизнисот.