Оваа новина од ЈСП Скопје ја најавуваат уште многу одамна, но се уште нема траги од нејзината реализација.
Од ЈСП неодамна изјавија дека во најскоро време се очекува да се воведена овој билет наменет за туристи и граѓани кои многу ретко го користат јавниот превоз.
Цената на билетот се уште не се знае, но според шпекулации се зборува дека ќе чини околу 60 денари.
Граѓаните и сега имаат можност да платат само едно возење преку своите мобилни телефони со доближување на телефонот до апаратот за валидирање во автобусите. На овој начин од сметката се одземаат 40 денари.
Цената за месечен билет за градски линии изнесува 1400 денари, додека за сите линии 1600 денари.