Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Неповолен период за финансиите. Не позајмувајте пари и не подигнувајте кредити. Можно е да западнете во големи долгови.
ЉУБОВ: Можни се проблеми со љубомора и посесивност. Очекувајте чести кавги со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на алкохолот.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Доколку сте склопиле договор со некој, дури и усмен, треба да го почитувате. Така ќе ги зачувате добрите деловни односи.
ЉУБОВ: Ве очекува тешка недела за љубов, бидејќи можни се расправии со партнерот. Премолчете за некои работи.
ЗДРАВЈЕ: Чувствително грло.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Не сте задоволни со случувањата на работа. Можно е да имате ситни трошоци и тоа да ќе ве излуди. Без паника, тоа е само мал проблем.
ЉУБОВ: На полето на љубовта ве очекува стабилност, но вие сепак имате чувство дека нешто не е во ред. Олабавете се малку и подобрете го однесувањето кон партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Претерувате со храната.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: На работа не се потпирајте премногу на пријателите. Оваа недела ќе морате да се потпрете само на себе.
ЉУБОВ: Во љубовта имате чувство дека лицето кое го сакате или ви се допаѓа се одалечува од вас. Направете нешто доколку тоа лице навистина ви значи.
ЗДРАВЈЕ: Зголемете го внесот на калциум и магнезиум.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Имате чувство дека повеќе не можете да се потпирате на ветувањата кои ви ги дава надредениот. Чувството не ве лаже.
ЉУБОВ: Заинтересирани сте за едно лице и посакувате голема промена на љубовен план. Можно е тие чувства да не ви бидат возвратени.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Ви делува дека сте во финансиски колапс и тоа воопшто е ви одговара. Поведете повеќе сметка за вашите финансии.
ЉУБОВ: Имате сомнежи кога станува збор за партнерот. Прочитајте неколку нешта меѓу редови и се ќе ви стане јасно.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со урогениталниот тракт.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Во текот на оваа недела ќе морате да вложите многу повеќе енергија и сила од вообичаено. Финансиските проекти одложете ги за наредната недела.
ЉУБОВ: Ви се допаѓа некоја личност но не знаете како да и пријдете. Оние во врска или брак ги очекува благосостојба.
ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Полни сте со позитивна енергија и елан. Внесете го тоа на полето на работењето и сигурно ќе отидете чекор понапред.
ЉУБОВ: Оние кои се сами ќе доживеат емотивно зближување со некое лице. Оние во врска ќе имаат потреба од разговор со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Малку повеќе сон и свежо овошје ќе ви ја поврати силата.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Доколку започнувате нова работа или воспоставувате нова соработка, бидете внимателни оваа недела.
ЉУБОВ: Зафатените ќе бидат во стабилна и мирна врска, додека оние кои се сами ќе имаат прилика за страствен флерт.
ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе витамини и минерали.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Ве очекува многу напорна недела на работа. Постои шанса некои задачи да ви се дуплираат.
ЉУБОВ: На полето на љубовта нема да постојат големи промени. Ситуацијата е стабилна за оние во врска или брак.
ЗДРАВЈЕ: Лоша крвна слика.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Ситуацијата е стабилна. Меѓутоа, не се впуштајте во финансиски ризици, тоа може да ве доведе до проблеми со парите.
ЉУБОВ: Имате чувство дека односот со саканото лице оди чекор напред. Партнерот ќе ви биде поддршка во најтешките моменти.
ЗДРАВЈЕ: Добро.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Неделава не е поволна за деловни презентации, како ни за настапи во јавноста. Побарајте колегите да ве заменат на тие настани.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можно е да донесете некои многу важни одлуки во врска со брак. Слободните Риби може да очекуваат слатка, но кратка авантура.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.