Apple и Google конечно симнати од тронот – на врвот Амазон со вредност на брендот од 315.505 милиони долари
Amazon по цели 11 години успеа да ги симне Apple и Google од врвот на листата на највредни глобални брендови која ја подготвува веб страната BrandZ.
Вредноста на брендот Amazon забележа скок од 52% споредено со минатата година и со тоа си го обезбеди приматот на листата.
Луксузните брендови Louis Vuitton и Channel, исто така, бележат големо искачување, а во топ десет се уште доминираат технолошките компании.
Веб страната BrandZ, којашто прави истражувања на пазарот на глобално нио, за потребите на оваа листа комбинираше финансиски и пазарни податоци за брендовите, заедно со резултати од анкети во коишто беа вклучени четири милиони купувачи од 51 земја во светот .
Еве ја топ 10 листата на брендови за 2019 година:
Amazon
Вредност на брендот: 315.505 милиони долари
Apple
Вредност на брендот: 309.527 милиони долари
Вредност на брендот: 309.000 милиони долари
Мајкрософт
Вредност на брендот: 251.244 милиони долари
Visa
Вредност на брендот: 177.918 милиони долари
Вредност на брендот: 158.968 милиони долари
Alibaba
Вредност на брендот: 131.246 милиони долари
Tencent
Вредност на брендот: 130.862 милиони долари
McDonald’s
Вредност на брендот: 130.368 милиони долари
AT&T
Вредност на брендот: 108.375 милиони долари