На социјалната мрежа Facebook почна да кружи мапа со листа на многу компании и брендови што некогаш биле произведени на територијата на поранешна Југославија.
Некои фирми и производи постојат до ден денес, а некои не.
Токму затоа е создадена оваа мапа за да ги потсети корисниците на најпознатата социјална мрежа за тоа што некогаш се произведуваше во поранешната СФРЈ.
Голем број од луѓето се уште сметаат дека порано се живеело и работело подобро отколку денеска.
Што мислите вие?