Да работиме за да живееме, а не обратно!
Работното време да се ограничи на четири часа дневно, сметаат голем број истакнати експерти. Тие мислат дека човекот едноставно не е ниту ментално ниту физички способен да работи подогло од тоа!
Тешко е за било кој човек да работи целосно концентриран повеќе од пет часа на ден, бидејќи остатокот од работното време бара само дел од фокусот и се сведува на чекање да помине времето, пишува Кварц.
Слободното време или т.н. “празно време“ е всушност исклучително важно за нас и за развојот на нашата креативност.
Особено за луѓе над 40!
Една неодамнешна студија покажа дека луѓето постари од 40 години се најпродуктивни кога работат само три дена во неделата. Истражувачите заклучија дека когнитивните перформанси на средновечните луѓе се подобри кога тие работеле до 25 часа неделно. Од друга страна, кога работната недела траела повеќе од 25 часа, перформансите се намалуваат поради последиците од замор и стрес.
Во оваа студија, која беше објавена во Melbourne Institute Worker Paper, беа вклучени 3.000 мажи и 3.500 жени од Австралија чии работни навики беа анализирани. Таа ги тестираше способноста на учесниците гласно да читаат и бројат, како и нивната способност за помнење и размислување.
Резултатите открија дека учесниците кои работат 25 часа неделно се најдобри, додека резултатите на оние кои работат 55 часа неделно биле полоши дури и од невработените учесници.
Како што истакнува професорот Колин Мекензи од Универзитетот Кејо, инаку еден од тројцата автори на студијата:
Многу земји ќе ја подигнат старосната граница за пензионирање, а тоа значи дека се поголем број на луѓе ќе продолжат да работат во подоцнежните фази од животот.
Тој вели дека нивото на интелектуална стимулација може да зависи од работното време. Работата може да биде меч со две острици. Од една страна, ја поттикнува активноста на мозокот, но во исто време, долгите работни часови и одредени видови на работни задачи предизвикуваат замор и стрес кои се потенцијална опасност за когнитивната функција.
Дополнително, научниците тврдат дека разликите во работното време се важни за одржување на когнитивната функција кај средновечните и постарите лица. Ова значи дека, на средна и постара возраст, работното време би можело да биде значајно за одржување на когнитивните способности.
Тие заклучуваат дека и покрај тоа што резултатите ќе се разликуваат од земја до земја во зависност од годишните одмори, тие укажуват на тоа дека идејата за полно работно време до 67 години не е одржлива.
Главната поента е дека работата со полно работно време е многу штетна за мозокот кај луѓето постари од 40 години, па затоа владите треба да размислат и да ја преиспитаат возраста за пензионирање. Во овој момент, во најголемиот број земји старосната граница за пензионирање започнува околу 65-тата година што е штетно како за вработениот, така и за работодавачот.