Здравствениот дом Љубљана вработува медицински персонал од Македонија, па токму затоа, со едноставна причина – запознавање на здравствените работници од Македонија со ЗД Љубљана како работодавач, редакцијата на Vrabotuvanje.com направи интервју со Уршка Годец, вработена во секторот за односи со јавност на ЗД Љубљана.
Здравствениот дом Љубљана е најголемата здравствена институција во примарното здравство на Словенија. Таа зад себе има 50-годишна традиција, а денес во неа работат речиси 1.600 здравствени и нездравствени работници.
Кажете ни нешто повеќе за Здравствениот дом Љубљана?
- ЗД Љубљана е институција која работи по најсовремени стандарди за квалитет, а за тоа говорат сертификатите, како што се: ISO 9001:2008, ISO 9001:2015, EN 15224:2016 и меѓународната акредитација на ДИАС. Во нашата посветеност да го зголемите нивото на задоволство на нашите вработени, бевме наградени со титулата “Семејно-пријателска организација“. Оваа титула ги поддржува нашите обиди за подобрување на управувањето со работниот процес и квалитетот на нашето работно опкружување за да се направи баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на нашите вработени.
Во какви услови имаат можност да работат и да се развиваат вработените на ЗД Љубљана?
- Пред се, нашите вработени работат во регулирана работна средина, работна средина во која доминира тимската работа. Ние сме модерно опремен здравствен центар така што можноста за научно-истражувачка работа, академски раст, континуиран професионален развој и напредување на повисоки позиции е дел од нашата култура.
Како изгледа работниот ден на еден Лекар специјалист за семејна медицина / општа медицина?
- Станува збор за 40-часовна работна недела, организирана во две смени. Лекарите имаат овозможено време за подготовка за работа, а во текот на работата имаат безрезервна поддршка од компетентни експерти.
Дали досега сте имале искуство со вработени од Македонија или од другите балкански земји?
- Имаме вработено лекари и друг медицински персонал од другите балкански земји со кого до ден денес соработуваме совршено со цел постигнување на заемно задоволство и почитување.
Зошто оваа понуда за работа е атрактивна за медицинските работници во Македонија?
- Нудиме уникатна можност за работа во здравствен центар каде квалитетот и безбедноста на пациентите и вработените се на прво место. Дополнително, ЗД Љубљана претставува институција која соработува со сите поголеми меѓународни институции од областа на здравството.
Сакате да ја започнете вашата меѓународна кариера во ЗД Љубљана?
Аплицирајте на огласот: