Ако додека сте на одмор во Грција бидете казнети од полицијата за некој сообраќаен прекршок можеби и нема многу да се нервирате, ќе си платите казна и ќе внимавате во иднина да не погрешите. Но, она што сигурно ќе ве замисли е што според новиот закон изгласан уште лани за некои сообраќајни прекршоци полицијата во Грција може дури да ви ги одземе и документите и да ви ги одземе табличките на возилото.
Сега веќе не постои можноста ако платите на лице место или во рок од 10 дена казната да биде намалена за 50 отсто, туку истата треба да ја платите целосно.
Сега многу е зачестено одземањето на регистерските таблички на возилата. И најлошо е ако тоа ви биде направено во текот на викендот. Ќе треба да чекате до понеделник.
Според новиот ригорозен закон што во Грциоја важи од лани, таблиците се враќаат по плаќање на казната за непрописно планирање, а возачот добива и забрана за управување на возилото одредено време. На странските државјани забраната за управување им завршува оној ден кога треба технички да ја напуштат територијата на Грција. Тогаш им се враќаат табличките. Се разбира треба да докажете дека токму тогаш ви завршува смената.
За овие сообраќајни прекршоци може да ви бидат одземени и документите или регистерските таблички:
* користење на мобилен телефон при возење без безжична слушалка во автомобил
* некористење на безбедносниот ремен
* возење на мотор без шлем
* фрлање отпушоци и слични предмети што можат да предизвикаат пожар или несреќи или да ја загадат животната средина
* паркирање на места каде е оневозможен пристап до рампи за лицата со посебни потреби или на места наменети за паркирање инвалиди
* возење (дури и пократко) во лентата за застанување на автопатот
* прекршување на прописите со кои се регулира превозот на деца
Па, внимавајте…