Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси го зазеде првото место на листата на најплатени спортисти, објавена од списанието Форбс. Тој се наоѓа пред својот најголем фудбалски ривал, играчот на Јувентус и португалски репрезентативец, Кристијано Роналдо.
Форбс дојде до овие податоци откако ја пресмета заработката на фудбалерите од јуни 2018 до јуни 2019 година. Платата на Меси во тој период изнесувала 127 милиони долари, за разлика од Роналдо кој успеал да заработи 109 милиони.
Третиот спортист на оваа листа е исто така од светот на фудбалот, а тоа е бразилскиот напаѓач Нејмар кој настапува за тимот на ПСЖ, чијашто плата е проценета на 105 милиони долари.
- Лео Меси 127М – Фудбал
- Кристијано Роналдо 109М – Фудбал
- Нејмар 105М – Фудбал
Меѓу првите 10 најплатени спортисти се наоѓаат и еден боксер, еден тенисер, двајца НФЛ играчи, како и тројца кошаркари од НБА лигата.
- Канело Алварез 94М – Бокс
- Роџер Федерер 93.4М – Тенис
- Расел Вилсон 89.5М – Американски фудбал
- Арон Роџерс 89.3М – Американски фудбал
- Леброн Џејмс 89М – Кошарка
- Стивен Кери 79.8М – Кошарка
- Кевин Дурент 65.4М – Кошарка
Во топ 20 најплатени спортисти кои најмногу заработиле во изминатите 12 месеци е и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој според Форбс е рангиран на 17-тата позиција со вкупна плата од 50.6 милиони долари.