Проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните ќе почне да се спроведува од 1 јули.
Со новата мерка, сите граѓани постари од 15 години ќе имаат право на поврат на ДДВ на секоја фискална сметка до 500 евра.
Министерот за финансии Драган Тевдовски објасни дека граѓаните во рок од десет дена од добиената фискална сметка ќе треба да испратат скениран код од сметката преку апликација на УЈП , откако ќе се регистрираат во системот.
Исплатата на парите ќе се врши на секои три месеци, а првите пари ќе бидат вратени во декември, а потоа во февруари, март и во август. Проценките се дека на овој начин ќе бидат вратени кај граѓаните 50 милиони евра.
На едно четиричлено семејство годишно се очекува да му бидат вратени околу 28.800 денари, пари за кои граѓаните нема да плаќаат персонален данок.