Заборавете ги сите оние “Safety Remove Hardware“ совети кои ги знаеме откако користиме USB.
Доколку сакате да го отстраните USB-то од вашиот компјутер, можете слободно да го направите тоа, само бидете внимателни да не направите физичка штета.
Конечно, “Мајкрософт“ потврди дека Windows 10 ја има опцијата “Quick Removal“, која автоматски го исклучува секое USB дури и во случај на ненадејно исклучување на системот или пак рачно отстранување на уредот, без претходно известува преку софтверски опции.
Горенаведената опција е вклучена во верзијата на Windows 10 која беше испорачана до корисниците во октомври 2018 година.
За многумина да сфатат, “Мајкрософт“ го објави ова како податок на својата официјална веб страница.
Том Ворен, експерт и професионалец кој работи во компанијата потврди дека најпопуларниот оперативен систем имал можност за безбедно да се икслучи USB уредот уште во Windows 7 во 2009 година.
Меѓутоа, вистината е дека и “Мајкрософт“ испраќаше измешани пораки за овој компјутерски мит бидејќи опциите како “Safety Remove Hardware” и “Eject Media” ја има на повеќето оперативни системи.