Светски-призната компанија за производство на Роботски и ЦНЦ Машини ги објави првите огласи за своите нови канцеларии во Скопје!
Микросам е светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали.
Во своето 29-годишно постоење, компанијата успеа да инсталира над 240 производни линии во повеќе од 40 земји ширум светот, меѓу кои Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Станува збор за глобални клиенти кои се лидери во авионската, вселенската, автомобилската и одбранбената индустрија.
Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика компанијата располага со напредна лабораторија во кој се работи на заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.
10 слободни позиции во новите канцеларии во Скопје
За своите нови канцеларии во Скопје, Микросам има потреба од:
- Машински инженери (5 работни позиции) – аплицирај тука
- Електро инженери (5 работни позиции) – аплицирај тука
Кој може да аплицира
Компанијата ги охрабрува да аплицираат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови:
- Завршен Машински факултет/Електро факултет или при крај со студии
- Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски се предност)
Што нуди Микросам
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет