Задолжително проверете го ова ако планирате подолго патување со вашиот автомобил
Во екот на сезоната и температурите над триесетиот степен, единствено нешто кое на сите ни треба е излез од градот и ОДМОР. Патување во земјата за викенд или подолг одмор на море, се е добредојдено. Изберете локација и наполнете го резервоарот, но пред да седнете зад воланот, задолжително проверете во каква состојба ви е возилото.
Најголемиот дел од одржувањето на автомобилот и од подготовката за летната сезона и сезоната за патување можете да го одработите сами. На тој начин можете и добро да заштедите. Сета потребна авто-мото опрема можете да ја проверите на интернет.
Важно е пред патувањето да го проверите и да го подготвите својот автомобил за да биде удобен и сигурен. Затоа еве неколку совети кои ќе ви ги олеснат подготовките.
Проверете го датумот на акумулаторот
Поголемиот дел од возачите се грижи дали акумулаторот ќе откаже во студените месеци. Сепак, тие не се свесни дека веројатно акумулаторот може да откаже при големите летни жештини. Ако акумулаторот ви е постар од три години тогаш треба да го тестирате. Секако, уште подобро ако условите дозволуваат, превентивно да купите нов. Акумулаторот кој е постар од три години сосема сигурно набрзо ќе треба да биде заменет. Последната работа која ја сакате е по екстремните горешнии да застанете некаде на пат.
Монтирајте летни гуми
Никако не е добра идејата во летни месеци да возите автомобил со зимски гуми. Тоа е добро да го направите дури и ако не планирте да одите далеку на патување со автомобил. Високите температури влијаат на квалитетот на гумите, а воедно и на сигурноста на возењето. На тој начин е исклучително важно преку лето да возите со летни гуми. Можете евентуално да размислите за универзални гуми. Сепак, препорака на стручњаците иде дефинитивно во правец на корситење на зимски гуми во зимски месеци, а летни гуми во летни месеци.
Покрај одговарачки сезонски гуми, пред тргнување на пат со автомобил задолжително проверете во каква состојба е и резервната гума во автомобилот. Проверете дали го имате потребниот алат за да ја замените гумата и утврдете како се монтира истата.
Размислете за GPS патна навигација
Во зависност од должината на патот на кој се подготвувате и од тоа колку често сте возеле по таа рута и колку добро се снаоѓате со навигацијата, размислете за бирање на GPS патна навигација, која може буквално да ви го спаси животот. За помош во навигацијата можете да го користите и својот паметен телефон. Сепак, во таква ситуација задолжително морате при рака да ги имате сите потребни приклучоци како полнач, сталак за мобилен телефон…
Заменете ги филтрите за воздух и проверете го клима уредот
Возењето во летни месеци може да биде тешко без функционален клима уред. Пред заминување на пат задолжително проверете ја испрвноста на клима уредот и дополнете го со течност за ладење. По потреба направете дезинфекција на вентилацијата, направете редовна замена на филтерот во внатрешноста и обезбедете пријатен воздух за време на патвањето.
Пакувајте се паметно, ако е потребно вложете во квалитетна кровна кутија
Кога се подготвувате за патување со автомобил лесно е да се занесете и да спакувате голем број на работи. Особено под претпоставка дека патувате со автомобил и дека имате место. Вистината најчесто е дијаметрално спротивна. Затоа, дури и кога на пат одите со автомобил треба да пакувате рационално и практично. Не заборавајте дека претовареноста на автомобилот ќе се почувствува особено во сметката за гориво. Ако ви треба дополнителен простор размислете за набавка на кровна кутија и различни кровни носачи. Посебно се практични за сите оние кои сакаат активен одмор и со себе планираат да носат спортска опрема како велосипед или кајак.
Автомобилот нека блеска и одвнатре и однадвор
Пред самото заминување на пат исперете го автомобилот и исчистете ја внатрешноста. Патот ќе ви биде далеку попријатен без претеран неред, а сигурно во зависност од должината на патот и доволно ќе го извалкате додека не дојдете до крајната дестинација. Ако патот биде многу долг, тогаш подгответе фрижидер за носење за пијалок и неколку основни намирници. Импровизирајте мала канта за ѓубре во внатрешноста на автомобилот, подгответе доволно ситни пари кои можеби ќе ви затребаат на пат за плаќање на разни услуги, на бензинска пумпа на пример. Добро исчистете ги светлата и фаровите и задолжително проверете дали имате комплетна кутија за прва помош, трокут и рефлектирачки елек.