ДС Смит е водечка европска компанија со јасна визија – создавање на вредност преку одговорно рециклирање, хартија и амбалажа, како и грижа за животната средина.
Токму затоа, околу десетина волонтери – вработени во дивизијата за рециклирање на ДС Смит во Македонија, дел од своето работно време го посветија на активности со цел поздрава животна околина.
Станува збор за предизвикот #TrashTag , кој се спроведува низ сите земји од страна на вработените на ДС Смит, а ДС Смит Македонија по втор пат одговори успешно на предизвикот, покажувајќи на дело дека станува збор за компанија каде тимскиот дух и тимското работење се секогаш на прво место, а грижата за здравата животна околина е дел од самиот бизнис.
Така, на околу 10-на вработени од дивизијата за рециклирање на ДС Смит, работниот ден им започна со работна акција за расчистување на дел од Град Скопје.