По 10-ти пат на плоштадот во Струмица се одржа натпревар за набрз и највешт келнер “Трка на келнери 2019“.
Триесетгодишниот келнер од кафе барот “Concept“ од Струмица, Горан Митев е највештиот и најбрзиот келнер на јубилејната 10-та “Трка на келнери“ што вчера се одржа на плоштадот “Гоце Делчев“ во Струмица.
Тој освои “келнерска дневница“ од 15.000 денари, а натпреварот беше организиран од “Струмица ОПЕН фестивал 2019“.
Во финалето, Горан се натпреварувше со својот колега од “Concept“, Дени Перов, кој ја освои втората награда од 12.000 денари... прочитајте повеќе на strumicanet.com