Костал е германска компанија која важи за еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. На меѓународно ниво, Костал е присутен во 21 земја со повеќе од 20.000 вработени, а погонот во Охрид во моментов ги снабдува најголемите автомобилски брендови, како БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Костал Македонија е вистинското место за сите што бараат возбудлива работа и предизвикувачка кариерна можност, и сето тоа во најубавиот град во земјава - Охрид. Бројните успешни приказни на вработени од Охрид, Струга и Ресен се уште еден мотив за вас кои сте подготвени да направите разлика во компанија која го овозможува тоа.
Најатрактивен работодавач во охридскиот регион
За една компанија да биде посакуван работодавач потребно е да исполни 3 услови, а тие се: 1) да има атрактивни работни позиции, 2) да нуди одлични услови за работа и 3) да овозможи кариерен напредок за своите вработени. Во охридскиот регион не постои компанија која го прави тоа подобро од Костал и токму затоа германскиот гигант е најатрактивен работодавач за работобарателите од Охрид, Струга и Ресен.
Костал Македонија е многу повеќе од работно место
За компанијата е важно да испорачува резултати, но исто така, не помалку значајно е искуството на вработените, можноста за личен и професионален развој и балансот помеѓу работата и приватниот живот. Во Костал не доаѓате на работа за да ја вршите работата што морате да ја работите, туку работата што сакате да ја работите.
Дали сте подготвени за почеток на вашата кариера во Костал?
Доколку сакате да бидете дел од компанијата каде што процесите континуирано се унапредуваат и подобруваат, да работите со напредни технологии, да го збогатите вашето професионално и животно искуство обезбедувајќи баланс помеѓу работата и животот, искористете ја шансата и аплицирајте на тековно отворените огласи за вработување во Костал: