Прочитајте ја инспиративната приказна за Ерик Вајт
Секој сонува еден ден да стане милионер. Тоа е едно од оние големи достигнувања во животот што многумина сакаат да го направат. Сепак, нешто помалку од 1 процент од светската популација има нето вредност од над 1 милион долари.
За повеќето луѓе не е потребно да бидете милионер за да живеете убаво и квалитетно. Доволно е да живеете во топол стан или куќа, да имате храна, достапност до образование и да патувате од време на време. Но, за некои ова не е реалност.
Триесет и три годишниот Ерик Вајт мораше да живее на улица и да се снаоѓа за пари и храна само колку да преживее. Сепак, сето тоа се промени бидејќи тој успеа од ништо да направи нешто што го има само 1 процент од светското население.
Како успеал во тоа?
Поранешниот бездомник Ерик Вајт сега е сопственик на Zydeco Construction, компанија со седиште во Луизијана која гради плажи во дворовите на луѓето. Подготвени сте за најдобриот дел? Тој заработува милиони додека го прави тоа!
Тоа не било отсекогаш така. На својата 15-годишна возраст, Вајт станал бездомник и тој период траел околу осум месеци. Тој се откажал од своето училиште во деветто одделение и имал само вештини за читање како ученик во второ одделение. Во едно интервју, тој рече дека со потешкотии може да го напише своето име. Но, како тој успеа да стане милионер?
Како дојде до првиот милион?
Дури и со недоволно образование, тој успеа да добие работа во градежништво, бидејќи тоа било нешто што отсекогаш го привлекувало. Тој знаел дека ако работи напорно, кога тогаш успехот ќе затропа на врата. Својата прва работа ја добил во локална градежна компанија, а парите кои ги заработувал таму му биле доволни само за сметки. За многу кратко време, тој дознал дека има отворена позиција во компанија во главниот град на Луизијана и успеал да се вработи таму за саатница од 12 долари. Тој опишува како човекот кој го вработил го зел под своја закрила и во рок од шест месеци тој станал менаџер на тимот со кој работел.
Меѓутоа, тој не застанал тука. Вајт бил исклучиво амбициозна личност и токму затоа продолжил да работи и напредува во различни градежни компании. На крајот, тој одлучил да основа сопствена компанија за базени наречена Cool Pools. Бизнисот бил толку добар што минатата година тој го продаде за повеќе од еден милион долари.
Приказната со Zydeco Construction
Кога една врата ќе се затвори, друга веднаш се отвора – тоа најдобро го знае Вајт. Откако ја продал својата компанија, тој основал нова компанија за градење на базени во дворовите на луѓето со што нивниот двор наликува на мини плажа. Секое т.н. “езерце“ целосно може да се прилагоди и да биде опремено со други додатоци, вклучувајќи отворени кујни, белведер, чадори и мрежи за играње одбојка.
33-годишниот милионер вели дека небото е лимит кога станува збор за создавање на вашата плажа од соништата. Неговата компанија е многу успешна во својот бизнис, а тој денес заработува по еден милион годишно.