Во еден утрински тест, направен еден и пол час после будење, “утринските птици“ и “ноќните птици“ биле подеднакво продуктивни. Но, 10 часа после будењето, “ноќните птици“ имаат поголема продуктивност.
Истражувачите Сатоши Каназава и Кајаи Перина во студијата Why night owls are more intelligent заклучија дека луѓето кои се сметаат за “ноќни птици“ се поинтелигентни. Тие сметаат дека за да го разбереме ова многу е важно да го погледнеме нашето потекло. Според нив, нашите предци заминувале на спиење порано и порано се буделе, но тоа што модерниот човек отстапува од овој стандард е доказ дека сме усогласени со современиот начин на живеење. Тие велат дека ова само по себе е знак на интелигенција.
Ако имаме јасна желба и ги слушаме знаците кои ни ги испраќа телото, како што е одбивањето да станеме порано, тоа значи дека сме независни, а луѓето кои ги следат своите страсти и покажуваат јасни знаци на креативност имаат способност да смислат свое решение.
Освен нив, истражувачи од Универзитетот во Лиеж, Белгија, исто така ги проучувале овие две групи на луѓе мерејќи ја активноста на нивниот мозок час и половина и 10 часа откако ќе се разбудат.
Во утринскиот тест, направен еден и пол час по будењето, “утринските птици“ и “ноќните птици“ биле подеднакво продуктивни. Но, 10 часа после будењето, “ноќните птици“ имаат поголема продуктивност.
А тоа дали сме утринска или ноќна птица не го одредуваме ние, туку нашата генетика. Станува збор за мала група на мозочни клетки кои се задолжени за нашиот внатрешен часовник кој ги одредува овие параметри.
Истражувачи од Универзитетот во Саутемптон ги анализираа моделите на спиење на 1.229 мажи и жени, како и нивните социоекономски околности.
Нивното истражување покажа дека луѓето кои заминуваат на спиење околу полноќ и се будат после 08:00 часот наутро, имаат поголем приход и посреќен и поудобен живот од ранобудниците. За жал, тоа не значи дека е добро да го преспиете целиот свој живот. Луѓето кои поминале 12 или повеќе часа во кревет се изложени на поголем ризик од предвремена смрт. Најмал е ризикот кај луѓето кои спијат по 8 часа на ден.
Во која група на луѓе спаѓате вие?