За секој одговор под а) доделете си 3 поени, за б) 2 поени, и за в) 1 поен.
1) Во деловното одлучување се водам по анализи, а не по интуиција.
а) Ги комбинирам и двете, во бизнисот два плус два понекогаш не се четири.
б) Повеќе се потпирам на анализите, не му верувам многу на "третото око".
в) Никогаш не се потпирам на интуиција, јас сум рационалист.
2) Кога ќе се појават проблеми, реагирам со "ладна глава", брзо и ефикасно ја анализирам кризната ситуација и донесувам тешки одлуки.
а) Успевам да останам сталожен/а во кризни ситуации, затоа и сум на оваа позиција.
б) Понекогаш имам чувство дека не ги држам сите конци во моите раце, бидејќи не функционирам добро под притисок.
в) Никогаш немам проблем, најчесто моите грижи ги пренасочувам на другите.
3) Ги поттикнувам луѓето од мојот тим на креативност, ги мотивирам да даваат идеи и мислења и да се вклучат во донесувањето одлуки.
а) Секогаш, бидејќи зад добро спроведениот проект, никогаш не стои само еден човек.
б) Најчесто се правам сам/а, бидејќи не сум добар/а во организирањето на тимска работа и мотивирање на вработените.
в) никогаш не ги прашувам другите за идеи, бидејќи верувам дека моите се најдобри и не ги вклучувам во одлучувањето, бидејќи сепак мојот збор е последен.
4) Ги препознавам промените и успешно се адаптирам.
а) Да, сметам дека секогаш мора да одите чекор напред и да се прилагодите на трендовите.
б) Се трудам, но се случува промените да ме парализираат.
в) Цврсто се држам до стратегијата на топ менаџментот, не студирав визионерство.
5) Ги распределувам праведно сите задачи во рамките на компанијата.
а) Да, мора да постои правилна распределба на работните задачи, бидејќи тоа е клучот за успехот.
б) Понекогаш превземам премногу одговорности за себе, бидејќи не сум квалификуван/а за "шефување".
в) Повеќето работи ги префрлам на моите подредени, затоа што сепак јас имам други приоритети и "повисоки цели".
Резултати:
Менаџер од соништата
13-15 поени
Браво! Вие сте менаџер каков што секоја компанија може да посака и го заслужувате секој денар кој го добивате на вашата сметка. Вие знаете како да ја реализирате стратегијата на компанијата, да го мотивирате вашиот тим, да се справите со тековните проблеми и да покажете лидерски и визионерски вештини и способности. Го советуваме вашиот шеф да ви даде голем бонус :)
Менаџер „ни на небо, ни на земја“
9-12 поени
Вие како да сте паднати од Марс. Се придржувате до „старата школа“ која ве научила дека треба да работите за друг, но не и да размислувате претприемачки. Ви недостасува иницијатива, храбрсот, цврстина и сила. Сепак, тоа што се трудите да бидете добар менаџер, го ублажува фактот дека веројатно не сте родени за позицијата на која сте во моментов.
Менаџер без покритие
5-8 поени
Жал ни е, но вие сте во целосна заблуда. Запрашајте се како ја добивте менаџерската позиција. Сепак, треба да ви се честита што со минимален труд и одговорност сте останале таму каде што сте. Вешти сте во делегирање задачи и одговорности и во префрлање вина на другите. Го советуваме вашиот шеф да си ја преиспита одлуката во врска со поставувањето на ваков кандидат на менаџерска позиција.