Келнерот сметал дека шефот го малтретира
Во познато кафуле во Сараево пред неколку дена се случила вистинска драма.
Кафулето имало потреба од нови вработени, а на огласот се јавил човек кој имал за цел да ја подобри својата егзистенцијална состојба.
Келнерот дошол да работи два дена и се било во ред додека неговиот шеф не му наредил да ги премести столиците и да ги поправи масите за гостите во дворот.
Наместо да послуша, вознемирениот келнер се упатил во другиот дел од барот и повикал полиција.
Се јави во полиција и рече дека шефот го малтретира, вели другиот келнер кој го наслушнал разговорот.
Овие наводи ги потврдија и од полициската станица Ново Сараево.
Вистина е. Добивме повик и нашите колеги излегоја на терен, велат од полициската станица за Аваз.