Една обична пластична штипка ќе ви помогне да се ослободите од различни здравствени тегоби, треба само да знаете кои се вистинските точки - затоа постои мапа на точки како и видео со детално објаснување.
Увото е богато со нервни завршетоци и на некои места се спојува со централниот нервен систем. Со притискање на одредени точки се отстрануваат тегоби во одредени делови на телото.
Еве како да се снајдете со сето тоа:
1.Највисокиот дел на увото има директна врска со грбот и рамената. Притискајте го тоа место по една минута секој ден и напнатоста во тие делови ќе се намали.
2.Таа точка е поврзана со вашите органи, па ако во внатрешноста на телото почувствувате некаква нелагодност или почувствувате дека сте станале пречувствителни на некои работи, ставете ја штипката на местото број 2 и ќе почувствувате олеснување.
3. Ако имате проблем со зглобовите, направете притисок на средината на увото. Тоа ќе ја намали болката и вкочанетоста во зглобовите и набрзо ќе ви биде полесно.
4. Овој дел е поврзан со синусите и грлото, па ако имате проблеми, притиснете ја оваа точка. Тоа помага и кога не можете да спиете, бидејќи имате затнат нос.
5. Точката над ушната ресичка е поврзана со варењето на храната. Доколку штипката ја ставите на тоа место, ќе се намалат болките во стомакот и ќе се подобри варењето. Исто така, служи како превенција против појава на тегоби во тој дел.
6. Ушната ресичка е поврзана со главата и срцето. Притисокот на овој дел допринесува подобро здравје на срцето, но ги олеснува и тегобите како главоболка и мигрена.
Во ова видео можете попрецизно да видите каде се наоѓаат сите точки на увото.