„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и се обработуваат теми од секојдневниот живот коишто ќе ви помогнат да си го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за неделните совети, можете да ги пишувате на нашата Facebook - страница: MACEDONIA-EXPORT.
Она што можам да го забележам многу малку, ете да не кажам дека никој, не ги зема лично работите на работа (мене ме интересира за на работа), па затоа сме на ова ниво.
Да, знам дека ви велат дека не треба да ги земате при срце работите на работа, но мислам дека поради тоа имате и проблеми на работа. Не за друго, ако не ги земате работите при срце, тогаш не ви е гајле за тоа што вашите надредени кажуваат или укажуваат. Тенка е границата помеѓу сфаќање и земањето на работите лично и помеѓу тоа кога треба да ги земете некои работи лично:
- Критика: ако колегата/те или работодавачот ве критикува на секои 3 месеци (веројатно правите 3 или 6 месечни состаноци со вработените) за една те иста работа, а при тоа вие таа работа не ја менувате или уште пострашно, таа е поизразена, е па тогаш треба да се запрашате, зашто не сте веќе дел од тимот или зашто не напредувате. Да, треба да го сфатите тоа лично и да почнете да правите некоја промена за подобрување.
- Промена: со сфаќањето на работите лично, многу сте блиску да направите некоја промена кај вас, на подобро секако. Само така ќе може да ги процесуирате работите кои ви се укажуваат, да ги разберете како добронамерни и да почнете да се менувате. Но, ако не ги сфатите лично, верувајте, многу сте блиску до моментот: ама, ми е гајле, што сакаат нека прават!
- Дистинкција: со тек на време, доколку ги сфаќате работите лично, многу лесно ќе можете да направите разлика помеѓу тоа што е навистина кажано за ваше добро, а што всушност било само хир на тој/таа над вас или до вас. Дополнително на ова, многу лесно и ќе можете да направите дистинкција помеѓу кажаните работи на состанок, дали меѓу редови се правело муабет за вас или за некој друг.
- Комуникација: со сфаќањето на работите лично, вашата заинтересираност за ваше подобрување, сигурен сум дека ќе порасне, а за да се случи тоа, потребно е да имате и подобрување во комуникацијата со колегите/работодавецот. Едноставно, секоја работа која била наменета за вас би требало да сакате да ви биде поубаво објаснета, за да може подобро да ја разберете, да разберете што сакале другите да ви укажат.
Знаете како, до вас е дали ќе ги сфатите работите што ви ги укажуваат, лично или не. Ако сакате да напредувате и да учите, да, ќе ги сфатите работите лично. Секако, не дозволувајте тие работи да влијаат и на вашите емоции и пробајте да бидете објективни во тоа, а не веднаш да се муртите и да имате став: да бе, тој/таа мене ќе ми каже.
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот