Управата за јавни приходи и овој месец ќе одржи јавна аукција на која ќе се распродаваат запленети предмети од даночни обврзници.
На листата има најразлични предмети, како што се моторни возила, товарни возила, телевизори, компјутери, машини и друго.
Од автомобилите, најниска проценета почетна вредност има Ауди (42.000 денари), комбе Мерцедес (60.000 денари) и камион Фап (84.000 денари).
Почетната цена на предметите варира во зависност од годината на производство, состојбата, употребливоста и слично.
Преку веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk може да ги погледнете активните аукции, а на линкот може да направите преглед на предметите кои ќе се распродаваат на 22.08.2019.