Влажните марамчиња се „вистинско откритие“ за многумина, а се користат за чистење, бришење на лицето, наместо тоалетна хартија, за освежување во топлите летни месеци и сл.
Но, дали некогаш сте се запрашале што навистина содржат и дали можат да влијаат на нашето здравје ако ги користите речиси секојдневно?
Содржат токсични состојки – некои влажни марамчиња можат да содржат токсични состојки, па затоа е важно да ја прочитате декларацијата. Извештајот на Ројтерс вели дека влажните марамчиња можат да предизвикаат осип, што може да биде многу болно. Некои марамчиња содржат MCI (метилхлороизотиазолинон) што може да предизвика иритација на кожата.
Ги прошируваат бактериите по површините – ако сте „собрале“ бактерии со влажното марамче од една површина и избришете друга, лесно ќе ги пренесете.
Тие ја загадуваат животната средина – поради пластичните влакна што ги содржат, повеќето влажни марамчиња не се целосно биоразградливи.