Незадоволството од работното место често се рефлектира на нашата ментална состојба, а тоа влијае врз нашата работа. Токму затоа, од витално значење за секој работодавач е правилно да ги препознае потребите на своите вработени.
Ако сте еден од оние кои често се жалат од својата работа, немојте да мислите дека сте единствени. Истражувањето “State of Global Workplace 2018“ покажа дека дури 85% од луѓето не се задоволни од своите работни места.
Ричард Бренсон: “Вработените се поважни од клиентите“
Оваа негова изјава е една од главните причини зошто Бренсон е денес милијардер. Тој е свесен дека кога инвестира во своите вработени, тој всушност инвестира во својот бизнис.
Ако се уште не сте уверени, внимателно прочитајте го овој факт: Дури 82% од потрошувачите ќе престанат да ги користат производите или услугите на компанијата поради лошата корисничка поддршка.
И ова е една од главните причини зошто вработените се најважниот дел од бизнисот. Ако тие не се задоволни од својата работа, тоа ќе се рефлектира директно на нивната работа.
Бидејќи вработените се оние кои воспоставуваат директен контакт со потрошувате, она што тие го мислат и чувствуваат во голема мера ќе влијае на имиџот на компанијата.
А штом дозволите тој имиџ да се наруши, не постои ниту еден маркетинг кој може да ви помогне.
На истата тема, добро познатиот британски психолог Ејми Морин вели дека денес е поважно од било кога да им обезбедите на вработените да се чувствуваат психолошки добро на своето работно место.
Морин смета дека мотивирањето на вработените да доаѓаат на работа рано и да работат до доцните вечерни часови или да работат од дома, на долг рок може да му наштетат на бизнисот. Без здрав баланс помеѓу работата и животот, продуктивноста на вработените ќе се намалува и со тек на време шансите за “burnout“ стануваат се поголеми.